Македонија

Спасески не се чувствува виновен за претепувањето на Пендиков

05.04.2023 12:59

Илија Спасески, еден од обвинетите, не се чувствува за виновен дека го претепал Пендиков. На Спасески му се суди за кривично дело напад од омраза со тешки повреди. Оштетениот и денеска не се појави во судница, а неговиот адвокат соопшти дека тој не можел да допатува поради здравствени проблеми...

Илија Спасески, еден од обвинетите, не се чувствува за виновен дека го претепал Пендиков. На Спасески му се суди за кривично дело напад од омраза со тешки повреди. Оштетениот и денеска не се појави во судница, а неговиот адвокат соопшти дека тој не можел да допатува поради здравствени проблеми.

Одбраната рече дека оштетениот во текот на истрагата неколкупати ги менувал исказите во врска со напаѓачите, а адвокатот на Спасески рече дека ниту видеозаписот кој се презентираше пред судот не потврдува дека Илија е учесник во настанот и го повредил оштетениот.

На 19-ти јануари, Пендиков беше нападнат во угостителски објект во Охрид, при што се здоби со тешки телесни повреди, а бугарските власти му организираа лекување во Софија и го транспортираа со владин авион. Обвинение има и против уште едно лице кое учествувало во тепачката. Имало и трето лице кое гледало и било сведок на настанот, но тие не се достапни за органите на прогонот.