На 7-та македоснка книжевна визита во Софија ќе биде врачена наградата „Книжевен Дедал“
Со „Портрет“ на македонскиот поет раде Сиљан започна 7-та по ред македонска книжевна визита во Софија...
Овој меѓународен собир на писатели, критичари, поети, книжевни научници, издавачи и преведувачи кои што работат во насока на македонската книжевност во Бугарија и обратно, се во насока на зближување на културните светови на двата соседни народи. За поезијата на Сиљан говореа македонските критичари и поети, Санде Стојчевски и Бранко Цветковски.
„Во својата поетска мисија која трае веќе 4 децении отвора пат на една мотивска разгранета проекција за националните и личните тревоги, за опстојбата“, вели Цветковски.
Она што ја одликува поезијата на Сиљан, ренесансна личност во македонската култура, во неа рака по драка одат модерното и традицијата, во неговата поезија не станува збор за спонтаност туку за ефикасна стратегија на информиран, современ и модерен поет.
Вечерва во рамките на манифестацијата ќе биде врачена наградата „Книжевен Дедал“ која ја доделува македонската издавачка куќа „Макавеј“.
Манифестацијата во Софија ќе биде заокружена со средба со бугарските поети, инаку книжевните вечери се во организација на издавачката куќа „Макавеј“ во соработка со македонскиот културно информативен центар во Софија под покровителство на министерството за култура на Македонија.
Диме Ратајкоски