Екологија

Зелен институт: Струмица ги постави темелите за селекција на отпад

05.04.2023 14:16

Струмица го постави камен темелникот за селекција на отпад. Вака соопштија од Зелениот институт од Скопје кој вршеше мониторинг на овој процес при што апелираа дека сега општината треба да даде фокус на едукација на домаќинствата. Локалните власти најавија и проширување на процесот со поставување и подземни контејнери и пластикомати низ градот...

Со распределбата на околу 1.200 садови за собирање на пластика, Струмица ги постави темелите на селекција на отпад во општината. Вака смета „Зелениот институт“ од Скопје која вршеше мониторинг на овој процес од каде посочија дека сега е потребна едукација на домаќинства.

Советникот Ѓорѓи Танушев од Коалицијата „Стига е“ тврди дека кај општинските власти постои визија и се работи на подготовка на проекти за целосна селекција на отпадот во градот и населените места.

Во наредниот период во Струмица ќе бидат поставени 260 контејнери за селекција на пластика пред колективните станбени згради, соопштија од општината.

Мониторингот на селекцијата на отпадот се вршеше со поддршка на Владата на Швајцарија имплементиран од Мегунардоната фондација за изборни системи.

 

 

 

Ване Трајков