Образование

Шаќири: Младите сè повеќе одбираат да изучуваат и работат во областа на информатичко – комуникациските технологии

05.04.2023 14:23

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири се сретна со Хира Мемети, полуматурантка во основното училиште „Исмаил Ќемали“ во Скопје, со која разговараше за нејзините идни планови за продолжување на средното и високо образование во земјава...

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири се сретна со Хира Мемети, полуматурантка во основното училиште „Исмаил Ќемали“ во Скопје, со која разговараше за нејзините идни планови за продолжување на средното и високо образование во земјава. Деветоодделенката истакна дека себеси се гледа како успешен програмер кој ќе гради професионална кариера во ИТ секторот. Своето образование сака го продолжи во Математичко – информатичката гимназија.

Министерството за образование и наука во континуитет креира политики и мерки за стимулирање на учениците за насочување кон средно стручно образование, креира нови образовни профили и го зголемува бројот на дуални паралелки во училиштата во земјата, а воедно и ги поттикнува средношколците своето образование да го продолжат на некој од техничките факултети.

„Давам целосна поддршка на сите млади кои својата иднина ја гледаат во науката, информатичката технологија и машинската индустрија, а дополнително и ќе продолжиме да ги стимулираме да останат и го продолжат својот образовен и професионален развој овде дома, каде што им е и местото. Отворивме Математичко – информатичка гимназија за талентирани млади, а доделуваме и стипендии за талентирани средношколци од овие области, како и стипендии за упис на ИТ факултети. Тоа е иднината и затоа ги советувам сите полуматуранти, во пресрет на уписите во средно да се фокусираат на стручните училишта и секако, понатаму да продолжат на некој од техничките факултети кои ветуваат подобра иднина тука во својата земја“, порачува Шаќири.