Хелсиншки комитет: Прекршен принципот на пресумпција на невиност во случајот на уапсениот офталмологот
09.05.2014 15:39
Хелсиншкиот комитет за човекови права преку соопштение до медиумите реагира дека МВР го повредило принципот на пресумпција на невиност во случајот со апсењето на офталмологот. Со квалификација на делото однапред го обвинила осомничениот пред судот да го стори тоа.

Сметаат дека на индиректен начин МВР открила лични податоци за осомничениот иако името не е објавено. За поставеното видео на ,,Јутјуб“ на кое се гледа претресот на осомничениот од страна на полицискиот службеник според Хелсиншки не биле употребени соодветни криминолошко-технички методи и форензичка опрема. Се работело со голи раце, без ракавици, а на снимката бил прикажан и документот на кој можело да се прочита името на установата и на пациентоот. На овој начин лесно можело да се дојде до идентитетот на осомничениот докторот-пишува во соопштението на Хелсиншкиот комитет за човекови права.
Соња Стојановска