Средба Мицкоски – Вал
За ВМРО-ДПМНЕ се прифатливи препораките од ОБСЕ/ОДИХР, но владата не е усогласена кој изборен модел им одговара...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски денеска заедно со меѓународниот секретар на партијата Стефан Андоновски, остварија средба со амбасадорот Килиан Вал, шеф на мисијата на ОБСЕ во Македонија.
Како што соопштуваат од партијата, соговорниците разговараа за актуелната политичка и економска состојба и за актуелните измени за Изборниот законик.
Од страна на претседателот Мицкоски беше потенцирано дека состојбата во државата секојдневно станува полоша, поради високиот степен на криминал и корупција од страна на владата на ДУИ поддржана од СДСМ и поради катастрофалната состојба во економија и осиромашување на граѓаните.
Воедно, во однос на измените во Изборниот законик, Мицкоски го истакна ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека за партијата е се прифатливи техничките препораки и заложби од страна на ОБСЕ/ОДИХР по однос на спроведување на фер и демократски изборите, но потенцираше и дека владата мора прво да се усогласи кој изборен модел им одговара а потоа да се разговара за измените во македонскиот парламент.
Владата треба да се усогласи меѓу себе за тоа кој изборен модел и одговара, па потоа да се разговара во Собранието. Ние сме подготвени да ги прифатиме техничките препораки од страна на ОБСЕ/ОДИХР за да осигураме транспарентни, фер и демократски избори, дециден е Мицкоски.
Соговорниците се согласија средбите и соработката да продолжат и во следниот период- стои во соопштението.
