Македонија

Утре во МНР изложба по повод 30 години членство во Обединетите нации

05.04.2023 18:38

Настанот е во ко-организација со Државниот архив на Република Северна Македонија како и во соработка со Националниот Координатор на ОН во Скопје.

Утре во Министерството за надворешни работи се одржува изложба, по повод  30-тата годишнина од членството на Република Северна Македонија во Обединетите Нации.

Настанот е во ко-организација со Државниот архив на Република Северна Македонија како и во соработка со Националниот Координатор на ОН во Скопје.

На настанот ќе присуствуваат дипломатскиот кор во Северна Македонија како и претставници на државните институции.