СДСМ започнува со теренски активности под мотото „Рамо до рамо до победа“
Во наредниот период, СДСМ ќе посети 946 населени места со сопствениот потенцијал за да разговараат со граѓаните...

СДСМ од денеска започнува со интензивни теренски активности под мотото „Рамо до рамо до победа“, соопшти денеска претседателот на партијата Димитар Ковачевски. Најави дека во наредниот период, СДСМ ќе посети 946 населени места со сопствениот потенцијал за да разговараат со граѓаните.
Во секое населено место, во секоја уличка, во секоја куќа, зграда, во секое маало, во секоја урбана заедница таму каде што ни е местото, меѓу народот заедно со граѓаните. Рамо до рамо со народот, со сите граѓани ќе посетиме 946 населени места ширум целата држава да разговараме со нив, да го слушнеме нивниот глас за се она што најмногу им е важно, да дадеме отчет за сработеното во изминатата година, но и да кажеме што следува во наредниот период, рече Ковачевски.
Претседателот на партијата нагласи оти е потребна сплотеност, заедништво и мобилизација на целото македонско општество, за како што рече, нова победа за нашата држава.
