Политика

Мицкоски на средба со Пленковиќ

05.04.2023 19:03

Како што соопштуваат од партијата, на средбата беа потврдени добрите односи помеѓу Република Македонија и Република Хрватска.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со Андреј Пленковиќ, премиер на Република Хрватска и претседател на ХДЗ.

Како што соопштуваат од партијата, на средбата беа потврдени добрите односи помеѓу Република Македонија и Република Хрватска.

Се говореше и за активната соработка помеѓу сестринските партии ВМРО-ДПМНЕ и ХДЗ при што се нагласи дека и понатаму таа соработка ќе продолжи и ќе се надоградува. На средбата соговорниците разговараа и за актуелната политичка и економска состојба, и евроинтегративниот процес на земјата.

Мицкоски истакна дека Македонија треба да биде дел од големото европското семејство и Македонија единствено ја гледа како рамноправна членка на ЕУ за што ја побара и поддршката од пријателска Хрватска, стои во соопштението.