Нов протест „Правда за Јана“ во Битола
Вечерва во Битола нов протест за девојчето Јана Христовска којашто почина во битолската болница. Се очекуваат резултатите од обдукцијата, но организаторите бараат поголема јавност за случајот…

„Јана, иако беше мало срце кое го напушти овој свет, сепак таа нека биде еден голем штит за некои други дечиња не ја доживеат нејзината судбина“, беше порака од родителите со која започна вториот мирен протест откако пред две недели по примена инфузија на битолското детско одделение почина шестгодишната Јана Христовска. Незадоволни од наодите и извештаите на двете лекарски комисии, кумот на Јана испрати порака да излезат на јавен телевизиски настап.
Незадоволството и сомнежот присутно и кај останатите присутни кои вечерва беа дел од протестот. Реторика која по сè изгледа ќе биде присутна до излегувањето на конечниот извештај од извршената обдукција.
Инаку по завршувањето на протестот со црвени балони во рака маршираа по Широк сокак, сè до Офицерскиот дом каде еден огромен балон со името на Јана беше пуштен кон царството небесно.
Стевче Митревски
