Расте јазот помеѓу богатите и сиромашните во ЕУ
Европската Унија го слави денот на наднационалното единство во сенката на друга поделба – на богати и на сиромашни. Јазот расте на целата територија, но особено е изразен меѓу новите и старите членки. Децата на Истокот имаат помала шанса за успех отколку децата на Западот.
Роберт Герес е бизнисмен. Ги продава едни од најскапите часовници – Ролекс и Патрик Филип. Најскапото парче во неговата продавница чини 240 илјади евра.
„Часовников чини 71 илјада евра. 75 проценти од нашите муштерии се локални“, вели Герес.

Роберт живее во Луксембург, што е одговор самото по себе – овде просечната годишна заработка е 80 илјади од човек.
„Татко ми велеше – ако си сиромашен, не кажувај, а ако си богат, повторно молчи“, додава Герес.
Луксузните продавници се нижат една до друга, но во кафулињата се разговара како ќе преживеат со укинувањето на приватноста на банките што ја изгубија по долги правни битки со Европската унија. На решението се работи со полна пареа – во изградба е првото бесплатно пристаниште со складиште за скапоценостите на богатите.
На другата страна од континентот, во Романија, хирургот Андреј Добреа излегува од операција на белите дробови. Месечно заработува 500 евра. Наскоро ќе ја смени оваа плата за 10 пати поголема во Велика Британија.
„Платата ќе ми биде значително поголема. Но уште поважно е искуството што ќе го стекнам таму, а не можам овде“, вели Андреј Добреа, хирург.
Неговиот колега ќе остане во Романија. Недостатокот од лекари се чувствува, но тоа не значи поголема плата за него.
„Секогаш кога одам во болницата за ноќна смена, претходниот ден сум депресивен. Знам дека ќе има многу работа и стрес и не сум сигурен во себеси пред пациентите“, изјави Флорин Чиркулеску, лекар.
Според ОЕЦД, разликата меѓу богатите и сиромашните изминатите три години се зголемила повеќе отколку претходните 12. Во опасност од сиромаштија е еден од четворица Европејци. Овој јаз најмалку е изразен на северот на Унијата, а меѓу наједнаквите се Исланд, Норвешка, Данска и Словенија.
Ивана Салтировска