Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди

06.04.2023 08:12

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне во југозападните делови ќе има повремени врнежи, кои во утринските часови ќе бидат претежно од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 10 степени.