114 санкционирани возачи во Скопје
На територија на град Скопје изречени се вкупно 114 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 37 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за непрописно престројување на возила...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден, продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 114 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 37 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за непрописно престројување на возила.
Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, две санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта.
