Тајван

Реакција на Кина по посетата на Цаи

06.04.2023 09:17

Опасна грешка е оценката на Пекинг за средбата на тајванската претседателка Цаи со претседателот на американскиот конгрес Мекарти во Вашингтон. По посетата на Цаи, кинески бродови и хеликоптери се во близина на островот...

Тајван тврди дека околу островот се движат три воени бродови и кинески хеликоптер по состанокот во Калифорнија меѓу претседателката Цаи Инг-вен и челникот на американскиот Претставнички дом Кевин Меккарти, за кој Пекинг вети одговор.

Вашингтон инсистира да се забрза испораката на оружје за Тајван, во услови на растечки закани од Кина. Во меѓувреме, поморската администрација на Фуџијан почна тридневна воена патрола и инспекција на делови од Тајванскиот Теснец.

По ланската посета на Ненси Пелоси, тогашна претседателка на Претставничкиот дом, Кина ги изведе најголемите воени вежби и се повлече од разговорите за климата со САД.

„Се фокусираме на патролирање и обезбедување на навигациската средина, распоредот на бродовите во централните и северните води на Теснецот и безбедноста на патничките бродови во однос на транспортот, трговијата и поштенските услуги“, изјави Ву Донгфенг-заменик-шеф на командниот центар.

Тајван е регион со демократски избрана администрација уште од граѓанската војна во 1949 година, но Пекинг овој остров го смета за своја територија ,така што секоја интеракција меѓу тајванските и американските претставници ја третира како предизвик за суверенитет.