Пендаровски ќе се обрати на конференцијата „Стратегија за Роми, тек и следни чекори“
На настанот воведно обраќање ќе има шефот на делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир, а во рамки на првата панел-дискусија „Стратегија за Роми, тек и следни чекори“ ќе се обратат министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, министерот за здравство, Фатмир Меџити, министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и министерот за транспорт и врски, Благоја Бочварски...

Претседателот Стево Пендаровски денес ќе се обрати на конференцијата „Стратегија за Роми, тек и следни чекори“ што е под негово покровителство.
На настанот воведно обраќање ќе има шефот на делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир, а во рамки на првата панел-дискусија „Стратегија за Роми, тек и следни чекори“ ќе се обратат министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, министерот за здравство, Фатмир Меџити, министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и министерот за транспорт и врски, Благоја Бочварски.
Во рамки на втората панел-дискусија „Како институционалната поставеност во државата одговара на текот и следните чекори на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030“ ќе се обратат претставници на институции и невладини организации и претставници од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.
На настанот ќе биде презентирана Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030 од страна на претставници на Институтот за истражување и анализи „Ромалитико“.
