Корејски полуостров

Пјонгјанг предупреди од нуклеарна војна

06.04.2023 09:30

Зачестените заеднички воени вежби на САД и Јужна Кореја ќе доведат до нуклеарна војна – предупреди Пјонгјанг. Севернокорејската армија ги засили воените активности, се заканува со офанзива...

„Заедничките и зачестените воени вежби на САД и Јужна Кореја ќе доведат до нуклеарна војна“ – предупреди официјален Пјонгјанг, заканувајќи се со офанзивна акција.

Севернокорејската армија ги засили воените активности претставувајќи нови помали нуклеарни боеви глави и најавувајќи производство на повеќе нуклеарен материјал за оружје и тестирање. Минатиот месец Северна Кореја истрела интерконтинентална балистичка ракета способна да ги погоди САД, нарекувајќи го одговор на сојузничките вежби.