Ставрески: Потврдениот рејтинг од S&P добар сигнал за нови инвестиции
09.05.2014 16:46
Го задржавме стабилниот рејтинг и тоа е добар сигнал и за странските инвеститори, но и за домашните инвеститори дека може да сметаат на предвидливи и добри услови за работа, изјави министерот Зоран Ставрески коментирајќи ја потврдата на крединиот рејтинг од страна на агенцијата Standard & Poor’s.

„Standard & Poor’s е една од трите најголеми рејтинг агенции во светот и нивната потврда на кредитниот рејтинг која ни ја соопштија денес е секако добар сигнал дека макроекононските политики во Република Македонија се добро поставени, вклучително нивото на долгот кое е оценето како умерено, фискалната политика, монетарната политика, банкарскиот сектор, но и подобрување на состојбите со невработеноста каде имаме намалување“, рече Ставрески.
Министерот нагласи дека сето тоа помогна во вакви релативно тешки времиња, кога во други земји се намалува рејтингот, како Хрватска и Украина, на Република Македонија и е потврден рејтингот.