Судство

Денеска продолжува судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово

06.04.2023 09:36

Судењето треба да продолжи со сослушување на нови сведоци кои се повикани по барање на адвокатите на обвинетите...

За денеска е закажано ново рочиште за случајот во кој изгоре модуларната Ковид болница во Тетово, а во кој загинаа 14 луѓе. Судењето треба да продолжи со сослушување на нови сведоци кои се повикани по барање на адвокатите на обвинетите.

Минатото рочиште на 21 март сослушани беа универзитетските професори кои во предистражната постапка изработиле вешт наод и мислење во писмена форма, како и две медицински сестри, ангажирани во модуларната болница.

Обвинетите, директорите Фљорин Бесими и Артан Етеми, докторот Бобан Вучевски и претставник на Клиничка болница Тетово како правно лице на почетокот на судењето истакнаа дека го разбираат обвинението, но не признаваат вина и дека не ги сториле делата за кои се товарат.