Изложба во МНР по повод 30 години од зачленувањето во ОН
Настанот е во ко-организација со Државниот архив на Република Македонија како и во соработка со Националниот координатор на ОН во Скопје. Како што најави МНР, ќе присуствуваат претставници на дипломатскиот кор во Македонија, како и на државните институции...

Во Министерството за надворешни работи денеска ќе биде отворена изложба по повод 30-тата годишнина од членството на Република Македонија во Обединетите Нации.
Настанот е во ко-организација со Државниот архив на Република Македонија како и во соработка со Националниот координатор на ОН во Скопје.
Како што најави МНР, ќе присуствуваат претставници на дипломатскиот кор во Македонија, како и на државните институции.
На 8 април во 1993 година со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, земјава беше примена за 181 полноправна членка на Светската организација, врз основа на резолуцијата 817 на Советот за безбедност на ОН од 7 април 1993 година.
Со тоа беше потврден нејзиниот меѓународно-правен субјективитет по изразената референдумска волја на македонските граѓани на 8 септември 1991 година за самостојна и независна држава.
Сепак, поради противењето и притисоците на Грција, зачленувањето во ОН не беше направено под тогашното уставно име Република Македонија туку под привремената референца Поранешна Југословенска Република Македонија.
