Победата над фашизмот- поттик за спречување на движењата кои ги загрозуваат мирот

09.05.2014 17:00

Како феликс од пепел, модерна демократска Европа се издигна над урнатините од Втората светска војна. Милиони жртви од фашизмот со крв ја исцртаа иднината на нациите  во борбата безкрупул против злото на поновата историја.

Македонскиот народ и етничките заедниците во неа дадоа илјадници жртви во  антифашистичката народнослободителна војна за да ја создадат македонската држава.

„Во вистинскиот момент застанаа на вистинската страна, на страната на слободата, на страната против фашизмот“, изјави ректорот на УКИМ, Велимир Стојковски.

Со единствена порака се научните дејци - да не се повтори  злото, денот на победата над фашизмот треба да е свето слово во умствениот код на секој поединец.

Потсетуваат,  Македонија преку АСНОМ стана сојузник на антифашистичката алијанса.

„Македонската држава тогаш доби признание за рамноправен пратнер во таа антихитлеровска коалиција“, вели историчарот, проф. д-р Никола Жежов.

И првиот училиштен час во сите училишта низ земјава беше посветена историското изгрејсонце.

Политичката елита од земјава како и претставници од дипломатскиот кор положија цвеќиња на спомен  обележјата.  А оние што беа во првите борбени редови ги споделија своите сеќавања.

„Тоа беше голем празник кога ние слушнавме дека е постигната капитулација“, се потсетуваат борците.

Среднистите од ликовното и музичкото училиште од Скопје , преку слика и мелодија потсетија дека иднината е во младината.

Фиљана Кока