САД

Внукот на Роберт Кенеди влезе во трка за претседател на САД

06.04.2023 11:12

Роберт Ф. Кенеди Џуниор вчера поднесе изјава за кандидатурата во Федералната изборна комисија и на тој начин го предизвика актуелниот претседател Џо Бајден за номинација на демократите...

Роберт Ф. Кенеди Џуниор, активист против вакцините и дел од најпознатите политички фамилии во САД, се кандидира во трката за претседател на изборите во 2024-та година.

Шеесет и девет годишниот Кенеди е внук на американскиот претседател Џон Ф. Кенеди и син на неговиот убиен брат Роберт Ф. Кенеди.

Тој вчера поднесе изјава за кандидатурата во Федералната изборна комисија и на тој начин го предизвика актуелниот претседател Џо Бајден за номинација на демократите.