Кошарка

Лос Анџелес Клиперс го победи Лејкерс во градското дерби

06.04.2023 11:37

Oсум меча се одиграа ноќеска во НБА-лигата, а во градското дерби Лос Анџелес Клиперс го победи Лејкерс со 125:118. За Клиперси ова беше 11-та победа во низа против соседот...

Oсум меча се одиграа ноќеска во НБА-лигата, а во градското дерби Лос Анџелес Клиперс го победи Лејкерс со 125:118. За Клиперси ова беше 11-та победа во низа против соседот. Со оваа победа со Клиперс скокнаа на петтото место на табелата на Западната конференција со соодносот меѓу победите и поразите со 42:38, колку што имаат и шестопласираните Голден Стејт Вориорс.

Лејкер се на седмото место со 41:39, а ист ефект имаат и Њу Орлеан Пеликанс на осмото место.

По 80 меча, Клиперс имаат 42 победи и 38 порази, додека Лејкерси останаа на 41 победа и сега се со 39 порази. Токму Клиперси се на шестото место на Западот, кое е последно што носи директен пласман во плејофот, додека Лејкерс најверојатно ќе треба да играат доигрување.