Ракомет

30-та јубилејна титула на Барселона во АСОБАЛ лигата

06.04.2023 12:02

Каталонскиот ракометен гигант Барселона ја освои 30. титула во првенството на Шпанија и 13-ти последовен шампионски пехар за овој клуб во националниот шампионат...

Каталонскиот ракометен гигант Барселона ја освои 30. титула во првенството на Шпанија и 13-ти последовен шампионски пехар за овој клуб во националниот шампионат.

Барселона го победи Валјадолид со 32:24 и на седум кола до крајот на АСОБАЛ лигата е недостижна за конкурентите. Барса сега има 46 бодови на првото место, па дури и да загуби на преостанатите седум меча, не може никој да ја престигне.

Околу вчерашниот натпревар против Ваљадолид, во кој настапуваат македонските интернационалци Димитар Димитриоски и Дарко Димитриески, изедначен беше само почетокот, за потоа фаворитот да одигра според планот.

Барселона е голем фаворит за пласман завршниот Ф4 турнир во Келн на Ф4, каде ќе го брани европскиот трофеј освоен лани.