Последниве шест месеци дури 60 проценти од купувачите на интернет и Фејсбук биле измамени
Се зголемува бројот на измамени купувачи кој нарачуваат на Фејсбук и интернет порталите од фирми кои не се легално регистрирани. Од Организацијата на потрошувачи велат дека дури 60 проценти од купувачите пријавиле некаква измама. Тие се согласуваат дека електронското купување е светски тренд, но апелираат тоа да се прави од фирми кој се легално регистрирани...

Апели многу- ефекти малку. Процентот на измамени купувачи на интернет и Фејсбук се зголемува. Во последниве шест месеци за достава на несоодветен производ по квалитет и квантитет, во Организациите на потрошувачи, се пожалиле 60 проценти од купувачите. Се работи за тешки измами, вели, сервисерот Благојче Мишевски кој и самиот бил сведок на измамата на некои негови муштерии.
Од Организацијата на потрошувачи, велат, како измамени се јавуваат од најмлади кои купуваат патики и тренерки, па сè до од оние од третата доба кои набавуваат ортопедски помагала. По уплатата на парите контактот веќе се губи.
Најлошото е тоа што, кога се работи за вакви нерегистрирани дејности, алатки по кои би постапувале, нема ниту Пазарната инспекција.
Димитровска вели, дека ова не треба да значи дека сме против електронското пазарење кое е светски тренд, туку апел купувачите да нарачуваат од легално регистрирани фирми, за да може да се реагира по поплаките.
Стевче Митревски
