Против семејното насилство
Семејното насилство се прелева во училишните клупи. Како превентивно да се дејствува? Младите кумановчани на необичен начин сакаат да им ја пренесат пораката на нивните другари во земјава – преку театарска претстава.Почнаа од Прилеп.
Да не биде доцна. Младите кумановчани до своите другари во земјава праќаат порака- Семејното насилство, големата болка на општеството се пренесува во училишните клупи. На проблемот посочуваат- преку театарска претстава.

-Пораката е родителите повеќе да ни обрнуваат внимание, да се заедно со нас, да знаат каде одиме, со кого се дружиме и да ни го покажат вистинскиот пат, вели Елена Стефановска, актер-аматер.
Обсе и полицијата ги прифаќаат истражувањата на учениците.
- Како показател за насилно и агресивно однесување на учениците во училиштата и надвор од нив, беше кажано, дека најчеста причина е семејното насилство, односно појавите што се случуваат дома да се рефлектираат во училиштето, вели Виолета Богдановска, СВР Куманово
Наставниците се соочуваат со проблемот.
- Искуството покажува дека многу ученици се потиснати од тоа насилство. Се надевам со оваа советодавна помош во службата ќе има резултати, ќе се намалат тие случаи, вели Соња Кировакова, наставник
–Полициските извештаи годинава бројат зголемен број кривични пријави за семејно насилство, а лани повеќе биле поплаките. Според Социланите работиници, пак – Жртвите повеќе прашуваат отколку да преземат нешто.
Необичниот проект преку претстава да се дејствува превентивно е чекор напред насилството да не се прелева во училиштата.
-Целта и на оваа претстава е децата да се едуцираат и да знаат да препознаат семејно насилство и да знаат што треба да направат, вели Магдалена Димитриевска, СВР Битола.
Пораката, на македонски и на албански, преку театарска претстава да се препознае семејното насилство ќе ја слушнат осмооделенците во целата земја.