Италија

Берлускони боледува од леукемија

06.04.2023 13:02

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони заболел од леукемија. 86-годишниот политичар е хоспитализиран поради кардиоваскуларни и респираторни проблеми и се наоѓа на одделението за интензивна нега...

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони заболел од леукемија. 86-годишниот политичар е хоспитализиран поради кардиоваскуларни и респираторни проблеми и се наоѓа на одделението за интензивна нега.

Берлускони е лидер на партијата „Форца Италија“, а беше и премиер на својата земја во три мандати. Беше и е сопственик на италијански фудбалски клубови. Во политичката кариера беше следен со бројни скандали.