Македонија

Ковачевски: Васко Ковачевски поднесе оставка од лични причини

06.04.2023 14:29

Директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, поднесе оставка. Тој ја депонирал оставката до премиерот Димитар Ковачевски...

Директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, поднесе оставка. Тој ја депонирал оставката до премиерот Димитар Ковачевски.

Премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со Васко Ковачевски соопшти дека првиот човек на ЕСМ поднел оставка од лични причини.

„Ковачевски ме информираше дека заради лични причини поднесува оставка од генерален директор во АД ЕСМ. Разговаравме уште минатата година, заради големите работни обврски сака да се посвети на семејството. Утрово усмено до мене достави оставка, ќе биде усвоена на следна седница на Влада. Од Влада ќе биде препорачано нов директор да биде избран Васко Стефанов, менаџер по техничка логистика, со големо искуство“ рече на денешната прес-конференција премиерот Димитар Ковачевски за актуелниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Ќе биде препорачано да биде избран Васко Стефанов, кој беше директор на АД Пошти, пред тоа на Водостопанство и има големо менаџерско искуство.

„Сакам лично да му се заблагодарам на Васко Ковачевски во менаџирањето на компанијата во една тешка и деликатна ситуација. Тој и неговите колеги беа достапни 24 часа, за да се носат брзи, ефикасни и ефективни одлуки. Неговата одлука беше донесена од поодамна, уште пред почеток на кризата, јас го информирав Советот за безбедност. Одлучивме менаџмент тимот да управува во кризата заради искуството, и заради одржување континуитет во работата. Сите оние кои ширеа лажни вести, ги демантиравме, на задоволство на сите граѓани и компании“ порача премиерот.

Ковачевски беше назначен за генерален директор во јули 2019 година, а дојде на оваа функција од местото директор на РЕК Битола која ја извршуваше од јануари 2018 година.