Меѓународниот ден на Ромите

ЕУ бара сите земји да изготват стратегии за вклучување на Ромите во општеството

06.04.2023 14:48

Иако низ годините многу се направи за Ромите, сепак ЕУ препознава дискриминација. Се работи на решавање на проблемите, вели евроамбасадорот Гир на конференцијата посветена на стратегијата на Ромите. Македонија веќе ја применува стратегијата, за која добива помош од ЕУ...

Ромите се едни од најранливите групи на пазарот на труд, оцени министерката Тренчевска. Според неа има повеќе причини, а најчесто нискиот степен на формално стекнато образование. Министерот за образование пак најави, од септември медијатори и во средното образование и помошници за учениците Роми во основните училишта.

Потребно е да се тргнат предрасудите, а разноликоста да се прифати како предност, истакна шефот на делегацијата на Европската унија, Гир.

Да се издвои буџет за политиките за Роми и да постои реална политичка волја за унапредување на нивните права, дециден е претседателот Пендаровски. Истакна дека загрижувачката состојба во која со децении се наоѓа поголемиот процент од ромската заедница, укажа на потребата од усвојување и спроведување на таргетирани политики со цел надминување на таквиот статус.

Ана Јосифоска - Тодоровска