Колективниот имунитет може да спречи епидемија на морбили
Четири години после епидемијата со мали сипаници во државата и неколку дена после првиот потврден случај, се вклучи алармот за морбилите. Имунизацијата е единствена брана која може да спречи ситуацијата да не излезе од контрола. Заразеното бебе од Свети Николе е во добра здравствена состојба. Епидемиолозите утврдуваат од каде дошла заразата...

Да не дозволиме да се повтори ситуацијата со морбили која ја имавме во 2019 година кога беа заразени над две илјади лица, и беше прогласена епидемија – апелира лекарската фела. Тогаш најголем дел од заболените беа над 30 години, но најтешки компликации имаа децата до четири години. Епидемијата заврши со четири смртни случаи асоцирани со мали сипаници, кај деца на возраст од 5,5 до 13 месеци, сите невакцинирани со МРП вакцина.
И покрај достапноста на вакцина, малите сипаници се една од водечките причини за смрт кај малите деца на глобално ниво.
Тешките форми на мали сипаници се поверојатни кај слабо ухранети мали деца, или деца со нарушен имунолошки систем од други болести. Ова заболување е голем ризик и за жените во текот на бременоста.
Славица Величковска
