Пендаровски: Барањето од Софија е скандалозно
Барањето од Софија да биде вклучена во процесот на уставни измени е скандалозно, не го прават тоа ниту окупатори – претседателот Пендаровски со жестока реакција на изјавата на шефот на бугарската дипломатија Милков. Кабинетот ќе испрати претставник во работната група. Без согласност од сите, нема лидерска...

Барањето на Софија да учествува во измените на македонскиот устав за Пендаровски е неприфатливо. Вакво нешто не испорачуваат ниту окупатори кон земјите кои ги нападнале-остро реагира шефот на државата, откако бугарскиот шеф на дипломатијата рече дека треба и тие да бидат консултирани при отворањето на Уставот.
За шефот на државата депласирано е да се говори за мнозинство и малцинство бидејќи темата е затворена уште во 2001-та. Нема намера да свика лидерска средба бидејќи за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, преамбулата на Уставот да е по хрватски модел нема согласност од политичките чинители. Процесот на уставни измени е внатрешно прашање, без можност за учество на некој однадвор кој процесот може да го следи преку медиумите-дециден е премиерот Ковачевски.
Сè уште е во фаза формирањето на работната група во Министерството за правда. Партиите и институциите имаат рок до 10-ти април да ги делегираат своите претставници за оформување на уставните измени.
Миле Ристески
