Стандард и Пурс: Македонија има стабилен кредитен рејтинг

09.05.2014 17:10

Македонија има стабилен кредитен рејтинг оцени реномираната Стандард и Пурс. Потврда за поволната фискална и монетарна политика на земјата и за ниската задолженост со умерен долг. Во услови кога агенцијата ги намали оценките на многу земји во регионот и во Европа , ова е позитивен сигнал за странските  и  домашните инвеститоридека може да сметаат на предвидиливи и добри услови за работа, вели вицепремиерот Ставрески.

„S&P е една од трите најголеми рејтинг агенции во светот и нивната потврда на кредитниот рејтинг која ни ја соопштија денеска е секако добар сигнал дека македонските политики се добро поставени вклучително нивото на долгот кое е оценето како умерено, фискалната политика, монетарната политика, банкарскиот сектор, но и подобрување на состојбите со невработеноста каде имаме намалување на невработеноста“, рече министерот за финансии Зоран Ставрески.

Засилен раст на економијата прогнозираат макроекономистите и во престојниот период откако извозот од слободните економски зони за само четири месеци оствари раст од 80 проценти, а до крајот на годинава се очекува да надмине 1,2 милијарди евра. Потврдениот стабилен рејтинг од Стандард и Пурс се очекува да ги зголеми странските инвестиците, да се остварат прогнозите најмалку 300 милиони евра да се прокнижат на ова конто.

Сузана Фиданска- Стоевска