Македонија

Средба Лога- Река

06.04.2023 15:56

На состанокот се разговараше за досегашната соработка меѓу двете земји, интензивирањето на оваа соработка како во рамките на билатералните односи, така и во заедничкиот евроинтегративен процес. Албанија и Северна Македонија го следат истиот пат кон ЕУ и, и двете земји ги очекуваат заеднички предизвици на ова патување...

Министерот за правда, Кренар Лога денеска одржа средба со албанскиот амбасадор во земјава, Фатос Река.

Како што соопштуваат од Министерството за правда, амбасадорот Река на министерот Лога му врачи телеграма со честитки од министерот за правда на Република Албанија за преземањето на функцијата и неговиот интерес за брза официјална средба меѓу двајцата министри. 

На состанокот се разговараше за досегашната соработка меѓу двете земји, интензивирањето на оваа соработка како во рамките на билатералните односи, така и во заедничкиот евроинтегративен процес. Албанија и Северна Македонија го следат истиот пат кон ЕУ и, и двете земји ги очекуваат заеднички предизвици на ова патување.

Министерот Лога го инфoрмираше амбасадорот Река и за консултациите кои ги реализирал со различни фактори поврзанi со процесот на ветингот во кој  добредојдени ќе бидат помошта и искуството на Албанија каде што овој процес веќе е отпочнат и се спроведува.

Уставните промени исто така беа тема на овој состанок, бидејќи од овој процес директно зависи отварањето на преговорите со Европската Унија. Министерот Лога го информираше амбасадорот дека испратил покани до сите политички партии за да предложат нивни претставници во работната група, во која што ќе учествуваат и независни експерти, стои во соопштението.