Нов бран протести во Франција
Демонстрантите започнаа протестен марш во Париз, а полицијата употреби солзавец двапати на протестите во Лион и еднаш во Нант, пренесуваат француските медиуми.

Нов бран протести и штрајкови во повеќе градови во Франција, по неуспешниот состанок меѓу премиерката Елизабет Борн и синдикатите околу нацрт-законот за пензиските реформи со кои се зголемува старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.
Демонстрантите започнаа протестен марш во Париз, а полицијата употреби солзавец двапати на протестите во Лион и еднаш во Нант, пренесуваат француските медиуми.
Синдикатите кои повикаа на демонстрации очекуваат стотици илјадници учесници на денешните протести.
Вчерашниот разговор на Борн со синдикатите иако траеше цел час, но не го донесе посакуваното решение. Синдикатите велат дека единствен излез од кризата е повлекување на законот, што претседателот на француската влада цврсто го отфрли како можност.
