Инфраструктура

Владата му додели три милиони евра на Град Скопје за изградба на „Качанички пат“ кон Косово

06.04.2023 17:54

Владата наменски додели три милиони евра, од вкупна вредност од шест милиони евра, на градот Скопје за изградба на булеварот „Хасан Приштина“ или како што е oпшто познат „Качанички пат“ во Визбегово...

Владата наменски додели три милиони евра, од вкупна вредност од шест милиони евра, на градот Скопје за изградба на булеварот „Хасан Приштина“ или како што е oпшто познат „Качанички пат“ во Визбегово, до скопската обиколница, објави денеска на својот Фејсбук-профил првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.

Тој информира дека во разговор и соработка со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која е надлежна за реализиција на проектот, ги почнале последните административни подготовки во Владата и Министерството за транспорт, за, како што потенцира, да започне и заврши оваа важна сообраќајна артерија за градот.

 

*Фото: Facebook/ Артан Груби