Македонската репрезентација останува 65-та на ФИФА ранг-листата

06.04.2023 18:27

Во март „црвено-жолтите“ ги победија Малта и Фарски Острови, но тоа не беше доволно за прогрес во поредокот на ФИФА.

Македонската фудбалска репрезентација останува на 65-то место на најновата ФИФА ранг-листа објавена денес.

Во март „црвено-жолтите“ ги победија Малта и Фарски Острови, но тоа не беше доволно за прогрес во поредокот на ФИФА.

Од ривалите на Македонците во квалификациите за пласман на Еуро 2024, најдобропласирана е Англија која е на 5-то место. Италија е на 8-ма позиција. Украина се наоѓа на 30-то место, додека Малта е на 172-мо место.

Лидер на ФИФА листата е Аргентина пред Франција, Бразил и Белгија.