Свет

ММФ: Глобалниот раст под три проценти во 2023 година

06.04.2023 19:51

поред последниот извештај на Меѓународниот монетарен фонд, растот ќе биде помал од три проценти во 2023 година...

Светската економија ќе доживее еден од најслабите периоди на раст во последните неколку децении. Според последниот извештај на Меѓународниот монетарен фонд, растот ќе биде помал од три проценти во 2023 година.

И покрај силата на пазарот на труд и зголемената потрошувачка во повеќето напредни економии, како и закрепнувањето поврзано со повторното отворање на Кина, очекуваме раст од помалку од три проценти за 2023 година, изјави директорката на ММФ Кристалина Георгиева во Вашингтон.

Во претходниот извештај на ММФ за светската економија, на крајот на јануари, веќе беше предвиден раст од 2,9 отсто во 2023 година.