МВР

Претрес во Куманово, пронајден кокаин

06.04.2023 21:41

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен кокаин.

Денеска во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.И.(33) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен кокаин.

Ф.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР.