Временска прогноза
Сончево со мала до умерена облачност
07.04.2023 08:43
Времето денеска ќе биде ведро и студено наутро, преку денот сончево со мала до умерена облачност...

Времето денеска ќе биде ведро и студено наутро, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Температурата во престолнината ќе се движи од-2 до 14 степени Целзиусови.
