Санкционирани 140 возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 140 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 39 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за непрописно престројување на возила.
Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, соопштуваат од МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР со апел до граѓаните, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемена безбедноста во сообраќајот и посигурни патишта.
