Судство

Случајот „Титаник 2“ застарува денеска за кое му се суди на Мијалков

07.04.2023 09:43

Апелационен суд во понеделникот ја одложи седницата за „Титаник 2“ за 13 април, на која требаше да биде донесена пресуда за поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, а тој нема да биде осуден за учество во изборни нерегуларност на локалните избори во 2013 година, бидејќи кривичното дело застарува денеска...

Апелационен суд во понеделникот ја одложи седницата за „Титаник 2“ за 13 април, на која требаше да биде донесена пресуда за поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, а тој нема да биде осуден за учество во изборни нерегуларност на локалните избори во 2013 година, бидејќи кривичното дело застарува денеска. На седницата во понеделникот беа присутни само Мијалков и Бедредин Ибраими.

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, за стореното кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, судот го осуди на казна затвор во траење од две години, во која се пресметува и времето поминато во притвор.

Мијалков е обвинет за четири предмети од страна на Специјалното јавно обвинителство. За „Таргет-Тврдина“ и „Трезор“ му се суди вторпат, откако Апелација ги поништи пресудите со највисоки казни што му беа изречени. Апелациониот суд-Скопје пред две недели ја потврди ослободителната пресуда за поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков и припадниците на поранешната полициска единица „Алфи“ во случајот „Тортура“, откако претходно ослободителна пресуда донесе Кривичниот суд.

Сашо Мијалков издржува затворска казна за случајот „Империја“, во затворот во Струга. Во договор со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција тој призна вина и беше осуден на три години затвор, како и конфискација на имот во вредност од 30 милиони евра.