Нова инвестиција: Британска компанија ќе вработи 350 млади лица
09.05.2014 17:26
Бизнис планот на британците предвидува, освен во Скопје, да бидат отворени канцеларии во уште 3-4 града во земјава од каде што би се давале аутсорсинг услуги...

Британската компанија ЕУРО БПО е новиот инвеститор кој ја одбра Македонија за своја бизнис дестинација. Со десет годишно меѓународно искуство во развивање аутсорсинг услуги на европски и американски компании, компанијата годинава го шири бизнисот и отвара канцеларии во Скопје, Софија и до крајот на годината во Кејп Таун, во Јужна Адфрика.
„Во наредните 3 до 4 години ќе вработи нови 350 млади луѓе воглавно економисти и менаџери, луѓе од компјутерската струка, сметководители“, изјави Висар Фида, Директор на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот.
Бизнис планот на британците предвидува, освен во Скопје, да бидат отворени канцеларии во уште 3-4 града во земјава од каде што би се давале аутсорсинг услуги.
Предности на Македонија во однос на нејзините конкуренти се одличната инфраструктура, квалитетниот кадар и брзата комуникација со Владините институции, велат британските инвеститори.
„Еуро - БПО разгледува неколку различни аспекти пред да влезе во одредена земја. На прво место е квалитетот на работната сила, второ – квалитетот на инфраструктурата, која е битна за лоцирање на аутсорсингот и трето, го гледаме пристапот и отвореноста на владините институции“, вели Стив Џерет-косопственик на ЕРРО –БПО.
„Почнуваме со инвестиција од околу четвртина милион фунти, но нашиот бизнис-модел, нашите приходи и инвестиции ќе растат секој месец“, вели Дејвид Џонс-косопственик на ЕУРО- БПО.
Канцеларијата во Скопје веќе функционира и според Џерет во наредните месеци ќе се изврши иселекција на потребниот персонал како и нивна обука и брзо вклучување во работата на компанијата,која опфаќа широк спектар на услуги.
Покрај ЕУРО- БПО Македонија како аутсорсинг центар веќе ја избраа уште неколку британски, германски и американски компании.
Свето Николовски
