Македонија

Реакција на Вељаноски за одлуката на Уставниот суд за платите

07.04.2023 09:59

Со отворено писмо до претседателот на Собранието и до координаторите на пратеничките групи се огласи и екссобранискиот спикер Трајко Вељаноски за одлуката на Уставниот суд...

Со отворено писмо до претседателот на Собранието и до координаторите на пратеничките групи се огласи и екссобранискиот спикер Трајко Вељаноски за одлуката на Уставниот суд.

Првото замрзнување на платите на функционерите беше направено во 2009 година, со измена и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избраните и именуваните лица. Поради последиците од светската економска криза, имаше само минимално годишно зголемување, и тоа 5 насто во 2012 и 2013 и 4 проценти во 2014 и секогаш покачувањата беа во согласност со покачувањата на пензиите, односно на стандардот на граѓаните, вели Вељаноски.

Сакам да ви порачам дека, ако чекате Владата да ви достави текст на закон, ќе се изначекате водејќи се според односот на Владата за ветувањето дека ќе бидат намалени високите примања на функционерите од регулаторните тела, пишува поранешниот собраниски спикер.

Повикува да биде свикана ад-хок координација и пратениците да донесат заклучок да се изготви Закон за измена и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица, а потоа по итна постапка може да се изгласа на итна седница и веднаш да стапи во сила.