Култура

„Лицата на Франкофонијата“ во излогот на Францускиот институт

07.04.2023 10:22

Инсталацијата „Лицата на Франкофонијата“ на уметникот Давор Кешќец, поставена во излогот на Францускиот институт, ќе биде отворена и во текот на месец април...

Инсталацијата „Лицата на Франкофонијата“ на уметникот Давор Кешќец, поставена во излогот на Францускиот институт, ќе биде отворена и во текот на месец април. Поставката беше изработена како една од бројните активности со кои се одбележа месецот на Франкофонијата.

Кешќец, кој е препознатлив по неговиот уникатен поп-арт стил и посебноста во уметничкиот израз има изработено и неколку мурали. Учествувал во најразлични проекти, како изработки на илустрации за веб апликација, изработка на дизајн за промотивни материјали и каталози, како и дизајн за автобуси.