Премиера во велешки театар на претставата „Нема струја за електричен стол“
По хит претставата „Инферно“ Дејан Пројковски со нова театарска претстава во театарот во Велес, „Нема струја за електричниот стол“ работена по текст на бугарскиот автор Александар Секулов. Во дуо драмата настапуваат Васил Зафирчев и Исидор Јовановски...

Претставата „Нема струја за електричниот стол“ во режија на Дејан Пројковски, сабота вечер премиерно ќе биде изведена во велешкиот Народен театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“. Оваа пиеса е работена по текст на современиот бугарски писател Александар Секулов.
Во дуо драмата играат Васил Зафирчев како осудениот и Исидор Јованоски како џелатот, носечките актери и во „Инферно“.
Музиката за претставата и нејзината изведба во живо се на Сашко Костов. Пиесата „Нема струја за електричниот стол“ во 2016 година ја добила наградата за современа бугарска драматургија „Аскер“. Оваа претстава е прва премиера за годинава на велешки театар.
Петар Печков
