ДЗР: Политиките за рамномерен регионален развој не ги даваат очекуваните резултати
Стратегијата за регионален развој 2021-2031 година е донесена со задоцнување, врз основа на процена за населението, која отстапува од резултатите од пописот, а политиките за рамномерен регионален развој не ги даваат очекуваните резултати, констатира Државниот завод за ревизија во најновиот извештај...

Стратегијата за регионален развој 2021-2031 година е донесена со задоцнување, врз основа на процена за населението, која отстапува од резултатите од пописот, а политиките за рамномерен регионален развој не ги даваат очекуваните резултати, констатира Државниот завод за ревизија во најновиот извештај.
Со ревизијата се забележува тренд на пораст на издвоените средства, но не се во висина на законски утврдените и дека распределбата на средства по региони не е извршена според утврдениот степен на развиеност. Скопскиот регион како најразвиен, иако треба да учествува со 7,2 насто, а Североисточниот како најнеразвиени со 17,3 од вкупните буџетски средства за оваа намена, во Скопскиот регион алоцирани се 26,2, за разлика од Североисточниот регион кој добил 8,4 насто.
Природниот прираст на населението од 2010 во континуитет бележи намалување, односно од 2,5 промили, во 2021 има негативен предзнак и изнесува минус 5,4 промили. Во последните десет години, како што се истакнува, надворешните миграции главно имаат негативно салдо, а најмногу регистрирани иселени лица бележат Југозападниот, Вардарскиот и Полошкиот регион.
Според пописот од 2021, во државата има 205 испразнети села и во однос на 2022, нивниот број е зголемен за 40 насто, односно уште 58 села останале без ниту еден жител, се прецизира во извештајот од Државниот завод за ревизија.
