Ѓорческа во финале во Сплит, Ивановски го совлада Донати
Македонските асови, Лина Ѓорческа и Калин Ивановски одлично напредуваат во игра на двојки на ИТФ фјучерсите кои ги играа во Хрватска.

Македонските асови, Лина Ѓорческа и Калин Ивановски одлично напредуваат во игра на двојки на ИТФ фјучерсите кои ги играа во Хрватска.
Ѓорческа настапува на силниот турнир во Сплит, а таму заедно со Вероника Ерјавец се на една победа од титула. Македонско-словеченката комбинација славеше над Сара Бејлек и Луси Хавличкова со 2-1 во сетови на теренот број еден.
Додека најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски на стартот од турнирот во Дубровник, Хрватска, успеа да го да го совлада Матео Донати од Италија со 2:1 во сетови. За пласман во големото финале Ерјавец и Ѓорческа в четврток ќе играат против чешките тенисерки Сара Бејлек и Лусие Хавлицкова.
