Се одржа првиот Одбранбен форум за предизвиците на земјите-членки на НАТО
Во Македонија прв Одбранбен форум, со над 200 учесници. Целта е споделување искуства и добри практики за превенцијата и одговорот на идни предизвици на земјите-членки на НАТО. Преку видеоконференциска врска се обрати и генералниот секретар на НАТО, Столтенберг...

За тригодишното членство во НАТО, Македонија покажа дека е кредибилен партнер на алијансата која веќе има 31 земја, демократски држави кои делат исти вредности, истакна министерката за одбрана Петровска на отворањето на првиот одбранбен форум 2023-та во Скопје.
Северна Македонија ја засили безбедноста на НАТО, оценуваат сојузниците.
„Членството во НАТО и помага на Северна Македонија во стабилноста што е основа за економски раст, и помага да се шири безбедноста на Западниот Балкан. Северна Македонија се покажа како постојан и вреден сојузник којшто придонесува за нашата колективна безбедност“, изјава генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
„Најголемите закани по НАТО не се само војната во Украина, туку и можноста да се прошири на други земји вклучувајќи и сојузници, оценуваат експертите од земјите-членки на Алијансата.
„Најголемите закани за НАТО се војната во Украина, кибер-нападите што се случуваат секојдневно во сите земји-членки, а ризик може да биде и ако не сме обединети како алијанса“, изјави Роберт Микац, од факултет за политички науки во Загреб.
„Најголемиот ризик за НАТО е да се дозволи руската агресија да продолжи во Украина, но и во други соседни земји, вклучувајќи и земји-членки на алијансата. Затоа мора да останеме силни и обединети“, изјави Метју Роудс-Европски центар „Џорџ Маршал“ во Германија.
„Несреќно е што имаме недоразбирања и континуирани тензии што растат. Секоја поделба во НАТО меѓу сојузници загрижува и затоа треба да се фокусираме на позитивни работи, развој на инфраструктурата, соработката“, оценува експерт од Бугарија.
„Ние сме сојузници во НАТО и работиме заедно на колективната безбедност. Мислам дека ова треба да биде фокусот на двете влади во Бугарија и северна Македонија во овој историски момент, да се обидеме што е можно повеќе да работиме на она што не зближува“, изјава Руслан Стефанов, програмски директор на Центарот за демократски студии во Софија.
Првиот одбранбен форум во Македонија треба да стане традиционален за сојузниците да разменуваат ставови за унапредување на безбедноста и единството на Алијансата.
Ирина Гелевска
