Регионот Охрид- Преспа ќе биде прогласен за биосферен резерват
Освен Охрид и Охридското езеро, од јуни најверојатно под заштита на УНЕСКО ќе биде и регионот Преспа –Охрид. Стручниот комитет на УНЕСКО ја предаде оваа препорака за која се очекува зелено светло и од до интернационалниот совет на оваа меѓународна организација при обединетите нации...

Македонскиот и албанскиот дел на регионот Охрид-Преспа најверојатно ќе биде прогласен за биосферен резерват,бидеќи стручната комисија на УНЕСКО веќе позитивно се изјасни разгледувајќи ја номинационата форма.
Тоа ќе овозможи да се создаде нова вредност на нашиот уникатен регион,што во истовреме ќе отвори нови можности за промоција на природните вредности и нивно ставање во функција на туристичкиот и економскиот развој.
„Биосферниот резерват ги уредува зоните кои што ќе бидат за одржливо или активно управување или пак под строга заштита,односно оние кои што и сега се постојни.Со тоа што УНЕСКО не забранува активности,туку бара нивно прилагодување во однос на значењето на биосферниот резерват“, вели Дејан Пановски од Билатерален секретаријат за заштита на Охридското Езеро.
Малку се подрачјата во светот кои се прогласени за биосферни резервати,поради што се очекува и грчката страна штом изрази воља да стене дел од резерватот.
Седниата на Интернационалниот совет на УНЕСКО на која се очекува да се прогласи биосферниот резерват ќе се одржи во јуни во Шведска.
Сашо Нелоски
