Македонската железница одбележа 150 години постоење
Македонски железници одбележуваат 150 години постоење. Наталожени проблеми, лоша инфраструктура. Железничарите во штрајкот, синдикатот бара зголемување на бодот за 30 проценти. Генералниот директор Локвенец е свесен за наследените проблеми, најавува решение...

Железничарите продолжуваат со штрајкот, Синдикатот бара зголемување на бодот за 30 проценти, исплата на вториот дел од февруарската плата, исплата на ноќна работа за кондуктерите, вработување на 40 машиновозачи и подобрување на условите за работа. Генералниот директор на Железници најавува решение. Локвенец е свесен за наследените проблеми, но ветува дека со новиот Коридор 8, Македонија ќе биде континентален Босфор
Со коридорот 8 градиме европска иднина истакна вицепремиерот за економски прашања Битиќи, потенцирајќи ја економската исплатливост на железничкиот сообраќај.
На 150-годишнината, Железници со напластени проблеми. Возовите не сообраќаат, инфраструктурата застарена.
Александра Велинова
