Преку процедури Меџити ќе го решава хаосот во здравството
На својата 75-годишнина, која се совпаѓа со Светскиот ден на здравјето, Светската здравствена организација ја почнува кампањата „Здравје за сите“. Затоа потребни се, но и треба да се достапни, висококвалитетни здравствени услуги, силна здравствена работна сила, која обезбедува нега фокусирана кон пациентите, како и креатори на политики кои се посветени кон вложување во универзална здравствена покриеност...

Хаосот во здравството, министерот Меџити ќе го реши со процедури кои сè уште се подготвуваат. Ажурирање на позитивната листа на лекови, втор приоритет, а се разгледуваат и опциите за нов Клинички центар. Услугите за пациентите и условите за работа на здравствените работници треба да се подобрат, вели Меџити.
Здравствените работници ќе го добијат најавеното зголемување. Во меѓувреме се бара решение за хронично болните пациенти, терапијата да им ја препишува матичниот лекар, да не мора да одат на Клиника на преглед.
Иако има три медицински факултети во државата, недостигаат лекари. Над 200 ја напуштаат државата секоја година.
Наташа Јанчиќ Менковски
